Маск со мрачни прогнози за Украина: „Ќе загинат повеќе луѓе и ќе се изгубат повеќе територии“

by Fokus

Украина ризикува да изгуби повеќе граѓани и територии доколку не го иницира процесот на мировни преговори, напиша милијардерот Илон Маск на социјалната мрежа Х.

– Колку подолго нема мир таму, толку е полошо за граѓаните на Украина – ќе загинат повеќе луѓе и ќе се изгубат повеќе територии – рече тој, пренесува РИА Новости.

Маск исто така нагласи дека армијата на украинските вооружени сили е испратена „за џабе да умре во рововите“.

Тој често зборува за конфликтот во Украина и смета дека рускиот лидер Владимир Путин нема да претрпи пораз под никакви услови.

Освен тоа, според него, продолжувањето на финансирањето од Западот и продолжувањето на непријателствата никако не и помагаат на Украина.

Поврзани новости