Машиновозачите трети ден штрајкуваат

by Фокус

Машиновозачите на Македонски Железници веќе трет ден го продолжуваат штрајкот, бидејќи се незадоволни од доцнењето на исплатата на платите.

Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСМПМ), бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.

– Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец – истакна Душко Чакаровски претседател на НСМПМ, .

 

Поврзани новости