Машиновозачите го прекинаа штрајкот, ќе има санкции за штрајкувачите

by Фокус

Машиновозачите го прекинаа штрајкот и се враќаат на своите работни места, откако денеска им било ветено дека до 2 октомври ќе ја земат втората половина од августовската плата и дека ќе се направат напори до крајот на октомври да ја земат платата за септември и дека од ноември, платите ќе ги добиваат редовно.

На денешната средба меѓу Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија и претставници на Министерството за транспорт и врски освен исполнување на овие барања на машиновозачите, им било соопштено и дека ќе има некои санкции за учесниците во бојкотот.

Претседателот на Синдикатот, Душко Чакаровски,  рече дека доколку навистина има санкции или не се исполнат барањата, веднаш ќе прекинат со извршување на работните задачи и ќе го реактивираат штрајкот.

Поврзани новости