Мас: Се надевам дека што повеќе Македонци ќе го искористат своето демократско право и ќе гласаат

by fokus

Се надевам дека на 30 септември што е можно повеќе Македонци ќе го искористат своето демократско право и ќе гласаат. Одлуката сега е во рацете на граѓаните на оваа држава. Тоа е нивната можност и се надевам дека ќе ја искористат, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров истакна дека решавањето на спорот за името претставува важен чекор на Македонија на патот да стане членка во ЕУ.

Истакна дека спорот 25 години претставува проблем и за Македонците и за Грција и додаде дека сега е историската шанса еднаш засекогаш да биде решен.

Тој утре заминува во посета на Атина и нагласи дека таму на средбите со грчките политичари ќе ги пренесе истите пораки, кои го пренел и тука.

– Спорот траеше повеќе од две децении, сега има можност да се заврши. Тоа не е само во интерес на Македонците, туку и во интерес на Грците. Ние имаме голем интерес проблемите во регионот да се решаваат, додаде Мас.

Потсети дека во јуни следната година ЕУ ќе одлучува за мошне важно прашање и додаде дека идната година постои можност Македонија да ги отпочне претпристапните преговори.

Поврзани новости