Марковиќ: Кризната состојба дозволува национализација на приватни болници, но тоа би било краен чекор

by fokus

Членот на Советот за безбедност, професорот Ненад Марковиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека национализација на приватните болници би била краен чекор, нешто што би се презело доколку повеќе нема друг избор.

-Кризната состојба тоа го дозволува, но тоа ќе наиде на отпор на сопствениците. Најверојатно маргината на профит која тие ја остваруваат е огромна, но тоа е и поентата на приватниот сектор. Национализирање на приватните болници би било нешто крајно, last line defense, ако нема каде да се оди. Тоа е и политички ризична одлука, им навлегувате во приватната сопственост. Мислам дека тоа премиерот го спомна повеќе од педагошка функција, за приватните болници да имаат почовечен однос, смета Марковиќ.

Поврзани новости