Марковиќ: На утрешниот Совет на безбедност ќе дискутираме и за кризна состојба

by fokus

Ненад Марковиќ, член на Советот за безбедност во вечерашното гостување на телевизија Телма одговарајќи на новинарско прашање дали прогласување кризна состојба ќе биде тема на утрешниот состанок, рече дека и тоа ќе биде дискутирано.

-Ќе биде поврзан со ситуацијата со Ковид, и сите овие прашања ќе бидат дискутирани, со оглед на тоа дека уриваме рекорди на заразени. Самиот Совет не може да прогласи кризна состојба, ние само даваме предлог и потоа претеседателот си излегува со став. Сите членови, и другите поканети, ќе бидат сослушани и ќе се извлече заклучок. Претседателот не ја донесува кризната состојба. Ако биде побарано од него, тој може да дозволи ангажирање на Армијата, вели Марковиќ.

Поврзани новости