Поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски отворил адвокатска канцеларија.
Собранието го разреши Зврлевски поради нестручно и несовесно работење и порaди тоа, тој нема право да се врати на претходното работно место, во Скопското јавно обвинителство.
Пријавата во Централниот регистар е одобрена вчера, 20 август
„Централниот Регистер постапувајќи по пријавата за упис на обезбедување на податоци преку едношалтерскиот систем на Адвокатска комора на РМ за адвокат Марко Зврлевски Скопје, согласно член 13,21 од Законот за едошалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица донесе решение со кое се одобрува пријавата“.