Кривична пријава за прилепчанец за „тешка кражба“

by fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Т.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информира денеска МВР, при контрола од Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп биле пронајдени диви приклучоци на четири објекти што ги користи Д.Т.У.  Градски базен –„Маркови Кули Трејд“, „Маркови Кули Петрол“ и „Маркови Кули Трејд Спортска сала“, раководени од пријавениот.

Шеесетгодишниот Б.Т. имал намера да прикаже помало количество за наплата на потрошена вода.

Поврзани новости