Маркетинг агенцијата Brand Union стана Google Partner

by Fokus 15:02
15:02

Македонската маркетинг агенција„Brand Union“од денес е официјаленGoogle Partner.

Brand Union стана дел од одбраното друштво на Google Партнери исполнувајќи ги критериумите за стручност, знаење и покажани долгорочни резултати за своите клиентисо што се најде на листата на Google Партнери: http://bit.ly/BrandUnion_GooglePartners

- Advertisements -

Google Partners е програма за маркетинг агенции, специјалисти за дигитален маркетинг и консултанти кои работат и менаџираат AdWords онлајн кампањи. За една агенција да стане носител на беџот потребно е да има онлајн професионалци сертифицирани од Google, како и да ги исполнува условите кои ги налага Google вклучително постигнување добри резултати при управување со кампањите на постоечките клиенти на подолг периодиконтинуирано одржување и зголемување на базата со клиенти.

„Добивањето на Google Partner беџот е потврда за вложениот труд и издвоеното време за усовршување и специјализирање во сите дејности во кои работиме заедно со нашите клиенти. Признанието е резултат на секојдневното партнерско работење со нашите клиенти, следење и оптимизирање на рекламните кампањи, изнаоѓање на креативни решенија, прилагодување на трендовите во онлајн маркетингот како и интегрирање на онлајн активностите во маркетинг кампањите на клиентите со цел да се добијат најдобрите резултати за вложените средства“, изјавиОливер Новескиод Brand Union.

Агенциите кои се дел од Google Partners програмата добиваат пристап до дополнителни тренинг програми, настани и промотивни понуди како додадена вредност за постоечките и идните клиенти.

Поврзани новости