Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, вели дека е приватна парцелата каде вчера се сечеа дрва за да се гради станбено деловен комплекс. Во изјава за „1ТВ“ Марин тврди дека бидејќи е парцелата приватна, Општината нема надлежност.
Според видео објавено на социјалните мрежи вчера попладне беше уништена зелена површина кај „Тобако 2“ во Аеродром. Тешка механизација ги сечеше и откорнуваше дрвјата за да го подготви просторот за градежни активности. Под дрвјата до сега имаше парк со детски реквизити.
Според информативната табла на локацијата, инвеститор на објектот кој треба да почне да се гради е „Порта Инжинеринг Груп“. Изведувач на работите е фирмата „Специјал градба“. Одобрението за градење е издадено на 4-ти април оваа година.
Масакр на дрвата во Аеродром…
Publiée par Видео Вести sur Mercredi 2 mai 2018