Марин: Не е можно да се стопираат градбите, а и од нив се полни буџетот на општината

by fokus 20:12
20:12

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, за „Макфакс“ вели дека не може да промени ништо ако деталните урбанистички планови се донесени на законски начин. Тој тврди дека не може да ги стопира градбите со мораториум по примерот на општина Центар бидејќи тоа не е законски.

Тој вели, треба да се има предвид дека од градбите се полни буџетот на општината.

-Иако општина Центар донесе одлука за мораториум, таква можност не постои според закон. Имаме и една разлика, касата на општинстиот буџет 70% се полни од комуналиите што се плаќаат за изградба на зградите. ДУП-овите се донесени, ние не можеме да ги смениме. Нас како граѓани може да не ни оди во прилог да се гради низ Аеродром, но за да има нови капитални објекти, мора да го направиме тоа, односно сè додека не се смени Законот за финансирање на локалната самоуправа, вели Марин.

Експанзијата на градење објекти во Аеродром и уништувањето на парковите Марин ја стимулирал со 500 садници, и вели дека во идниот период  ќе има јавен повик за засадување нови 1500 садници.

Поврзани новости