Унгарија со Устав сака да забрани ЕУ да и наложува да прима мигранти

by fokus

Шефот на пратеничката група на унгарската владејачка конзервативна партија ФИДЕС, Мате Кочиш најави дека планираат да иницираат промени на Уставот на Унгарија, со што би обзбедиле гаранции дека Европската унија не ќе може да ја натера земјата да прима мигранти.

Унгарија, заедно со уште неколку источноевропски членки на ЕУ, се противи на плановите на Брисел за прераспределба на мигрантите пристигнати во Унијата, од кои најголемиот дел се муслимани, меѓу сите држави членки на блокот врз основа на утврдени квоти.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште во 2016 година до Парламентот достави сличен предлог за уставни измени, но не успеа да обезбеди доволно мнозинство гласови за негово усвојување.

На изборите на 8 април коалицијата на Фидес освои над две третини од местата во Парламентот, со што партијата сега има доволно мнозинство за промена на Уставот.

Поврзани новости