Ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото, смета министерот за правда Бојан Маричиќ по денешното донесување на пресуда за слуачјот „Таргет-Тврдина“. Тој посочува дека Владата создала законски услови и политичка клима судот да одлучува слободно и врз основа на докази.
-„Таргет-Тврдина“ е мајка на сите случаи на СЈО, но треба да се потсетиме како почна оваа приказна. Пред шест години беа објавени прислушуваните разговори, па следуваа политичката криза, Шарената револуција, создавањето на СЈО – истакна Маричиќ на Сител.
Според него, Јавното обвинителство треба да и соопшти на јавноста каде потфрлил системот во врска со „бегството“ на Мијалков.
-Мислам дека редот е Јавното обвинителство со сите свои сили, инструменти и достапни информации да креира слика и да и ја соопшти на јавноста. Министерот Спасовски претпоставуваме знае како оделе работите во оперативниот дел на МВР, но ако го тераме институционално, местото е ЈО и добро е тоа да си ја заврши оваа работа заради јавноста, но и заради системот – нагласи Маричиќ.