СЗО: Договорите на богатите земји го загрозуваат Ковакс

by Фокус 21:44
21:44

Земјите кои се обидуваат да набават свои дози на вакцина потпишуваат договори со компании за лекови кои го загрозуваат снабдувањето на глобалната програма Ковакс за сиромашните и земјите со среден приход, соопшти денеска Светската здравствена организација.

-Земјите сe уште склучуваат договори што ќе го загрозат снабдувањето на Ковакс, без сомнение – рече високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард.

- Advertisements -

Светската здравствена организација, еден од предводниците на програмата Ковакс за обезбедување вакцини за сиромашните земји, долго време ги повикува богатите земји да обезбедат фер дистрибуција на вакцините.

Поврзани новости