Маричиќ со европратеникот Шидер се поклонија на Гоце Делчев: Нашите европски партнери ги ценат македонскиот идентитет и традиција

by fokus

„Нашите европски партнери и пријатели ги ценат македонскиот идентитет и македонската традиција, а со пристапувањето во ЕУ овие вредности уште повеќе добиваат внимание и начин како да се заштитат и негуваат“ напиша вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.

Тој денес, заедно со австрискито европратеник Андреас Шидер ја посети црквата Свети Спас во Скопје, каде се поклонија пред гробот на Гоце Делчев.

„Денес со европратеникот Шидер ја посетивме црквата Свети Спас во Скопје каде оддадовме поклон и почит кон ликот и делото на Гоце Делчев, македонскиот и балкански великан со европски визии за Македонија“ истакна Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека македонскиот идентитет е важен сегмент во мозаикот на европското семејство, а обединувањето и почитта кон различните традиции и обичаи се основни вредности во ЕУ, каде што земјава припаѓа.

Поврзани новости