Европратеникот Шидер од Тетово: Стево е единствениот гарант за европската иднина на земјата и најдобриот претседател што може да го имате

by fokus

„Ние сме големи поддржувачи на Северна Македонија и на вашиот пат кон ЕУ. Внимателно ги следиме овие важни избори и сите зборуваат за Европа, но само еден од кандидатите навистина ќе ве однесе во Европа“ рече австрискиот европратеник од партијата на Европските социјалисти, Андреас Шидер од граѓанскиот митинг на претседателот Стево Пендаровски во Тетово.

Тој додаде дека посакува Стево повторно да биде претседател бидејќи тој е гарант за европската иднина.

„Тој е гарант за вистинска европска иднина за вас и вашата земја. Тој е единствен гарант за тоа. Но, вотрата причина е што тој е најдобриот претседател што може да го имате“ рече Шидер.

Европратеникот му посака среќа на претседателот Пендаровски, порачувајќи му дека иднината е негова и ги повика граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Стево.

Поврзани новости