Иран го почна нападот врз Израел

by fokus

Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел, пренесува National Independent.

Иранските државни медиуми претходно потврдија дека иранските командоси заплениле брод поврзан со Израел во Ормутскиот теснец. Од друга страна, израелската армија предупредува дека Техеран ќе ги сноси последиците доколку насилството во регионот ескалира. Компанијата MSC изјави дека на бродот имало 25 членови на екипажот.

Новинарот на американскиот портал Аксиос, Барак Равид вечерва на платформата Икс (Твитер) објави дека Иран извршил напад врз Израел користејќи неколку десетици дронови, објави Тајмс оф Израел.

Поврзани новости