Маричиќ: Работиме на тоа што помалку наши граѓани правдата да ја бараат во Стразбур

by Fokus

Соработката на државата со судот во Стразбур е од исклучително голема значење, бидејќи добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференцијата во Скопје на која присуствуваа претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, Билјана Брајтвејт.

– Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права, посочи Маричиќ.

Со овој Протокол, како што рече тој, се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи.

Министерот за правда изрази надеж дека ратификација на овој Протокол ќе се случи наскоро.

Поврзани новости