Маричиќ очекува брзо усвојување на измените во Законот за попис

by Fokus

Измените во законот за попис се мали и тие би требало да бидат усвоени без поголеми одолговлекувања, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, појаснувајќи дека во законот нема суштински промени и оти ќе биде поднесен со европско знаме.

Во одговор на новинарско прашање, дали ќе има доволно време за нивно навремено донесување, Маричиќ вели:

-Таа измена се сведува на две работи, тоа е датумот на пописот и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна до 30 септември кога треба да заврши теренскиот дел на пописот. Очекувам доколку владата ги усвои на денешната седница веднаш да ги испратиме до Собранието. Очекувам дека има доволно време и со оглед дека нема суштински измени, да биде брзо усвоен од Собранието, рече Маричиќ.

Поврзани новости