Маричиќ: Левица и ВМРО-ДПМНЕ се две страни на ист медал

by fokus

Првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 негира дека владејачката партија учествувала во собирањето потписи за кандидатите на Левица и на ГРОМ, Билјана Ванковска-Цветковска и Стевче Јакимовски, да влезат во трката за претседател на државата.

-Тоа што можеби не му се допаѓа на Мицкоски да има повеќе кандидати што би апелирале на истото гласачко тело, не може да биде никакво оправдување. За жал, сите тие коментари одат во насока на тоа дека некои партии сè уште би сакале да уживаат во монополите или да полагаат право на некакви монополи. Плуразлизмот е убавината на демократијата и ако имало повеќе кандидати, значи имаат што да кажат, легитимно е секој кандидат да се измери на изборите, тоа е нормално во демократски систем. Зошто не се обидоа да направат коалиција, па ВМРО-ДМНЕ и Левица да имаат заеднички кандидат. Тоа ќе беше легитимно и пофер, доколку му пречат на Мицкоски“, вели Маричиќ.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на ист медал и нема разлика во ставовите помеѓу нив, смета Маричиќ.

„Тоа што не успеале да се договорат за заеднички кандидат за претседател или што не сакале да се договорат, на крајот, тие се борат за десниот спектар од политичката сцена и сметам дека сето тоа се нормални демократски прашања и време е да се соочиме со аргументите кој кандидат што нуди. Тоа е многу побитно за граѓаните отколку дали некој кандидат работи за една или друга страна“, додава Маричиќ.

Поврзани новости