Марадона е идеалниот тренер за Манчестер јунајтед?

by fokus

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона се самопредложи за нов менаџер на Манчестер јунајтед, велејќи дека знае многу добро како да ги врати трофеите на „Олд Трафорд“.

Во моментов Дон Диего го води мексиканскиот второлигаш Дорадос, додека „црвените ѓаволи“ го назначија Оле Гунар Солскјер кој потпиша договор за три години.

– Ако Манчестер Јунајтед има потреба од тренер, јас сум човекот кој може да ја заврши оваа работа. Знам дека овој клуб продава многу дресови во светот, но тие треба да почнат да заработуваат и трофеи. Можам да го направам тоа за нив. Манчестер Јунајтед долго време беше мојот омилен англиски тим. Во него поминаа толку многу големи играчи и клубот беше одличен со Алекс Фергусон. Но сега треба да кажам дека ова е Манчестер Сити. Во Јунајтед ми се допаѓаше Андер Ерера. Пол Погба? Не работи доволно. Играв на „Олд Трафорд“ во 1984 година. Бучавата беше како на „Ла Бомбонера“, изјави Марадона за „ФорФорТу“

Поврзани новости