МАНУ: Политичарите да престанат да поттикнуваат омраза

by fokus 22:17
22:17

Претседателството на МАНУ изрази длабока загриженост за актуелната политичка состојба во земјата, за долгата криза и продлабочувањето на меѓупартиските тензии во постизборниот период. Сето ова, според МАНУ, води кон понатамошно комплицирање на состојбите и продлабочување на поделбите меѓу граѓаните на Македонија.

-МАНУ смета дека кризата мора да заврши и да завршат сите обиди за поттикнување омраза, непријателство и закани за пресметки врз национална, етничка или политичка основа. Сите политички партии тоа мораат да го осудат но и сите медиуми. Потребна е  атмосфера на конструктивен, обединувачки и плодотворен дијалог. – посочи МАНУ во соопштението испратено до медиумите.

Од таму порачаа дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, а најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства.

Поврзани новости