590
Сега да земам да го исцедам ВМРО-ДПМНЕ ќе извадам 10 хомосексуалци, зошто да се кријат, зошто да не бидете тоа што сте?, го праша Бранко Манојловски Влатко Ѓорчев во вечерашната Топ тема на Телма на дебата за правата на ЛГБТ заедницата.
На ова Влатко Ѓорчев не одговори, а потоа на прашање од водителката како ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ ако некој од нејзините редови се декларира како хомосексуалец, Ѓорчев рече дека во нивната партија секој е добредојден.