Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од позиција на потпретседателот на СДСМ, во текот на вчерашниот ден беше во посета на Општина Карбинци, на средби со граѓаните од ова населено место, како и на средби со членови и симпатизери на партијата.
Манчевски на средбата зборувал за политиките на Владата, за реформите, зголемувањето на минималната плата, враќањето на дневната евтина тарифа на струјата и укинувањето на радиодифузната такса.
Министерот и потпретседател на СДСМ зборувал и за предлог името „Републинска Илинденска Македонија“. Според него овој предлог го штити македонскиот идентитет и достоинството на државата.
„Пред нас е период на нови предизвици. Подготвени сме да водиме, сметаме на вашата поддршка, поддршката од граѓаните. Отворената шанса, можноста за достоинствено решавање на долгогодишниот спор што Грција го има со нашето име треба да ја искористиме во интерес на сите наши граѓани и иднината на државата. Усогласениот пакет, нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници. Република Илинденска Македонија со гаранции за нашиот идентитет сметаме дека е достоинствено решение за двете страни“ – рече Манчевски, соопштија од Центар за комуникации на СДСМ.