492
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, од денешното студио на Телма порача дека владејачката партија ги слушнала пораките на граѓаните, додавајќи дека ќе следи сериозна анализа.
„Пораката е примена и тука нема бегање. Владата скро цела година беше посветена на најважнот проблем за државата. Не дека другите не се обидуваа, но немаше поволна клима да се реши. Премиерот беше насочен кон овој проблем, а владата сега може да се фокусира на животот на граѓаните. Најголема критика од нашите поддржувачи е дека ништо не сте смениле. Ние ќе си имаме сериозна анализа, граѓаните на крајот на денот ќе го кажат својот став. Што се однесува до „метлата“ на Заев, не е важно кој ќе биде сменет“, рече Манчевски.