Заев: Ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред!

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска гласаше заедно со својата сопруга Зорица Заева. Тој истакна дека е најважно што изборите биле мирни и демократски.

-Денеска бираме Претседател на Република Северна Македонија. Најважно е што изборите се успешни, мирни и демократски. Од денешната одлука зависи, во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша.

Верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред, да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет, рече Заев.

Поврзани новости