ДУИ обвинува за тивок бојкот кај албанската опозиција

by fokus

90.000 од албанските гласови го поддржаа концептот на консензуален претседател, изјавија од ДУИ на првата прес конференција по затворање на гласачките кутии. Од таму рекоа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборни круга, со што се овозможило, велат, да биде постигнат цензусот.

-Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок, но активен и организиран бојкот од страна на албанската опозиција. Тоа значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар – изјави Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ.

Според него, тие деструктивни напори на опозицијата се помали од прогресивните сили на граѓаните.

-Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците. Движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарант на ова патување – рече Меџити.

Поврзани новости