476
Дамјан Манчевски од СДСМ денеска на прес конференција најави дека откако СДСМ ќе ја преземе градската власт ќе донесе ребаланс на Буџетот со кој ќе се запре изградбата на Панорамското тркало и на другите барокни фасади и објекти, дел од проектот „Скопје 2014“.
-Главна преокупација на Коце Трајановски изминативе години му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски. Пари се трошеле за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради, а немало мерки за намалување на загадувањето, за подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност и за нови мостови и улици, изјави Манчевски.
Тој рече дека се уште не се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ и дека конкурсите се во тек.