ВМРО – ДПМНЕ бара аналитичари, малку им се „експертите“

by fokus 15:27
15:27

Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ објави оглас за вработување  аналитичари (малку им се дузината експерти од рангот на Каракамишева, Климовски, Пандов…). Во огласот објавен денеска се нуди вработување и за графички дизајнери. Партијата нагласува дека кандидатите треба да бидат личности со висок личен интегритет, да се амбициозни, темелни и упорни.

Партијата бара аналитичари со одлични вештини на пишување и комуникација, сеопфатни познавања на тековните збиднувања во земјата и странство, искуство со статистички и квалитативни анализи, високи аналитички способности како и способност за критичко размислување.

Во партискиот оглас ВМРО – ДПМНЕ не пропушта да се фали и да пропагира.

Пред образложението на квалификациите за кандидатите што ги бара, ВМРО – ДПМНЕ беседи за стратешките интереси на партијата во наредните три години. Според напишаното, партијата на обвинетиот Груевски, ветува дека од 2017 до 2020 година ќе се залага за раст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото.…. Читаш и не веруваш!

 

Поврзани новости