Манчевски ја затвори улицата позади Буњаковец поради снимањето на „Врба“

by fokus

Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 ноември) сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.

Како што информираат од продукцијата на филмот, улицата ќе биде затворена за сообраќај во наведените три дена во периодот од 15 часот до 6 часот, наредниот ден.

Поврзани новости