Закани и навреди кон пратениците во Охрид: Нема полиција што може да ве спаси ако македонскиот народ тргне на вас!

by fokus

Бројни закани и навреди упатија демонстрантите на синоќешниот протест во Охрид пред домовите на пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Ги нарекуваа предавници, изроди и шпиону, и им се заканија по нивниот живот ако гласаат за уставните измени.

Домовите на пратениците беа обезбедувани од полициски службеници, а демонстрантите побараа тие да се повлечат.

-Нема полиција што може да ве спаси ако мак народ тргне на вас. Ви ја продадовте Македонија, вие не мора да се бесите, само не потпишувајте повеќе и не го срамете македонскиот народ – порачаа демонстратнтите.

-Не им влевајте лажна надеж на пратениците дека ги заштитувате, само што ќе гласаат ќе ги оставите на немилост на македонскиот народ, а тоа сме ние – и беше кажано на полицијата.

Видео: Скопје1.мк

Поврзани новости