Василевски ја префрли топката кај Мицкоски: Не може како лидер на партија да се затскрива зад народот

by fokus

Пратеникот Сашо Василевски, пред неговиот дом по инцидентот со Јанко Бачев за време на протестот во Охрид, во изјава за медиумите ја префрли одговорноста за настанатата ситуација кај лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој рече дека протестното писмо на демонстрантите се доставува на погрешна адреса и требало да биде доставено во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Го притиснав зеленото копче без притисок и без грам совест што би ме мачела. Намерата е еднаш засекогаш лажните патриотизми и национализми кои 30 години како народ не измачуваа да ги оставиме зад нас. Македонија има единствен пат, а тоа е европското семејство, да бидеме членка на ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Овие лажни патриотизми ќе бидат некое време присутни но нема да успеат. Треба да се стави крај на поделби меѓу патриоти/предавници и Македонци/ Албанци. Тие се наши браќа и така треба да живееме во оваа држава, иначе чаре ни нема – изјави Василевски.

Тој рече дека ќе остане дел од ВМРО-ДПМНЕ иако е исклучен од партијата. Василевски даде став и за тоа што ЕПП на последниот самит во Хелсинки покани две делегации од сестринската ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ е кодот на македонскиот народ, јас сум иклучен, но не  може никој да ме исклучи. ВО ЕПП беа повикани две делегации тоа укажува дека раководството кое го предводи ВМРО е буквално изолирано од ЕПП затоа беше повикана втора делегација која е за реформи во партијата и деморкатски начин на размислување. Бидејќи немаше дебата за уставни измени. Не можете да се затскривате како лидер на партија зад народот, зад тие виртуелни еден милиони и двесте илјади луѓе. Тоа е недозв за лидер на најголема опозициска партија. Имаше референдум, беше кажано дека ќе се излезе или нема. Мојата партија за жал бојкотираше затоа овие цифри се нереални. Ние сме пред голем предизвик како народ – порача тој.

Поврзани новости