Манчевски: Го очекувам најлошото од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Го очекувам најлошото од ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе ми докажат дека грешам, но генерално гледано, додека не спроведат внатрешни реформи, или барем да го сменат нивниот лидер Никола Груевски, не верувам дека постои основа ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна партија за било кое прашање, па дури и кога станува збор за меѓународни прашања. Тие ќе се обидат да ги влошат нашите односи не само со Србија, туку и со Грција, Албанија, Бугарија, со сите, истакна Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ во интервју за „Јуропиан Вестерн Балкан“.

Во однос на безбедносните предизвици, Манчевски вели дека одредени луѓе се обидуваат да ја поврзан својата политичка агенда со безбедносни прашања со цел да создадат атмосфера на страв и да го искористат тоа за сопствени цели.

– Во однос на „Голема Албанија“ сите имаме доволно искуство за да знаеме дека тоа се приказни за краткорочна политичка употреба. Иднината на регионот е во ЕУ и НАТО, особено на Македонија, можеби на не Србија, тоа е нивна одлука. Но, влезот во ЕУ и НАТО е од стратешки интерес на сите земји. Ако сме навистина посветени на тој пат, кој Македонија го запостави во последните неколку години, тогаш нема да има потреба за голема држава, затоа што сите ќе ја добиеме нашата најголема територија – ЕУ – вели Манчевски.

 

 

 

Поврзани новости