Скопската полиција поднесе кривична пријава против бомбашот во Собранието

by fokus 14:42
14:42

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност.

Тој, според МВР, на 27 април околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собрание на Република Македонија. Околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал.

- Advertisements -

„На 2 мај вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот во истите. Во еден момент едниот вработен ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што мислејки дека е факел,заедно со неговиот колега ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17 часот од страна на вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, била забележана импровизираната експлозивна направа, по што истиот телефонски пријавил во СВР Скопје. СВР Скопје, исто така, до Основното јавно обвинителство Скопје достави и две Известувања од кои едното се однесува за превземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица – пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото известување се однесува за досегашни преземени мерки и дејствија“, извести МВР.

Поврзани новости