315
Македонските ракометари денеска го забележаа првиот пораз на Светското Првенство во Франција, откако во третото коло од групата „Б“ загубија убедливо од Словенија со 29-22.
-Бевме прочитани и ништо не ни одеше. Словенците брзо се одлепија. Натпреварот го загубивме од стартот, а тие беа подобри и треба да им се честита. Поразот боли, но мора да одиме напред – изјави по натпреварот Дејан Манасков.
Ракометарите велат дека имаа лош ден, но дека допрва ќе го покажат најдоброто од нив. Ова беше прв пораз за избраниците на Лино Червар по воведните два триумфа над Тунис и Ангола. Во следното коло, в среда, Македонија ќе ги одмери силите со Шпанија.