МАН: Медиумите да не објавуваат материјали од „Пуч“

by Фокус

Македонската асоцијaција на новинари ги повика медиумите да не објавуваат материјали од случајот „Пуч“, бидејќи тоа би било кривично дело.

„Членовите на МАН, како и новинарите кои се уште не се наши членови, како и медиумите да бидат одговорни и да го почитуваат законот кој наложува да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истите карактеристики, кои сами по себе се кривично дело, а нивното објавување кое нанесува ненадоместлива штета на учесниците е исто така кривично дело кое при објавување или пренесување би го сториле новинари и медиуми за што би подпаднале под законска, кривична одговорност“, се наведува во соопштението на МАН.

Поврзани новости