Професорскиот пленум ги поддржа јавните протести на СОНК низ градовите

by Фокус

Наставниците и професорите утре излегуваат на јавни протести низ сите градови во државата, а доколку до петок не бидат повикани од Министерството за образование на преговори, ќе имаат централен протест пред Владата. Поддршка на просветните работници, да истрајат во својата борба денеска пристигна и од Професорскиот пленум, кои ги охрабрија своите колеги да продолжат со штрајкот се до постигнување на крајната цел и исполнување на нивните барања.

– Правото на штрајк е уставно загарантирано во Македонија и никој нема право да го спречува, посебно не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели и подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници – се наведува во соопштението од Професорскиот пленум

Поврзани новости