450
Македонската асоцијaција на новинари ги повика медиумите да не објавуваат материјали од случајот „Пуч“, бидејќи тоа би било кривично дело.
„Членовите на МАН, како и новинарите кои се уште не се наши членови, како и медиумите да бидат одговорни и да го почитуваат законот кој наложува да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истите карактеристики, кои сами по себе се кривично дело, а нивното објавување кое нанесува ненадоместлива штета на учесниците е исто така кривично дело кое при објавување или пренесување би го сториле новинари и медиуми за што би подпаднале под законска, кривична одговорност“, се наведува во соопштението на МАН.