Малолетници уапсени сред бел ден во Скопје

by Fokus

Полициски службеници од единиците за интервентната полиција – Карпош, Центар и Бит Пазар при СВР Скопје вчера во 15:40 часот на подрачјето на Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.

– Тие биле фатени по извршени кривични дела „тешка кражба”, при што кај нив биле пронајдени и одземени три електрични тротинети и клучеви од две моторни возила. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР

Поврзани новости