Данската кралица позитивна на корона вирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора

by Fokus

Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на корона вирус, соопшти кралската палата.

Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна.

Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје.

Поврзани новости