Кражба во тоалет на Градскиот трговски центар се случила вчера на пладне. 22-годишниот М.А. од Скопје пријавил во полицијата дека неколку непознати лица извршиле разбојништво над него.
Според изјавата на ограбениот, сторителите со употреба на физичка сила му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.
По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години). По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период, велат од МВР.