Само што излегле од чајџилница во Кока и ранетиот биле испукани 11 куршуми

by fokus

Само што излегле од чајџилницата „Диселдорф“ на улицата Лазар Трповски, убиениот Исмет Арифи Кока и повредениот Ќемал Лусјани се соочиле со вперен пиштол. Од огнено оружје биле испукани 11 курпуми, што покажува бројот на пронајдени чаури на местото на убиството.

Како што информираат од полицијата настанот бил пријавен во 22.30 часот, а непосредно пред пукотниците двајцата излегувајќи од чајџилницата влегле во возило марка „пасат“, кое било паркирано во непосредна близина.

„И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата Втора Македонска Бригада, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал“, соопштија од МВР.

Ранетиот е пренесен во скопскиот Ургентен центар, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

„Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење“, наведуваат од МВР.

Во соопштението нема информации за можните мотиви, но се претпоставува дека се работи за нерасчистени сметки односно неподмирени долгови.

 

Поврзани новости