Сведокот на СЈО во „Труст“ полицијата го натовари со кривична пријава за бесправно градење

by fokus

Против кратовската фирма за рударство и градежништво „Силекс неметали ДООЕЛ“ и против управителот Васил Ристовски е поднесена кривична пријава за бесправно градење. Ристовски деновиве инаку треба да сведочи во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство за проневера на пари при тендер на „ЕЛЕМ“ за ископ на јаглен и јаловина.

Неговото сведочење се одложуваше неколку пати на судските рочишта по предметот на СЈО каде првообвинет е Сеад Кочан. Неговото следно сослушување е закажано на 30-ти ноември.

Според кривичната пријава на надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово, против Ристовски и неговата фирма постојат сомневања за бесправно градење на неколку локации.

„Пријавените, од 05.10.2017 година до 11.10.2017 година,  во селата Куклица (локалитет Камени кукли), Крилатица, Страцин и Тополовиќ, во рамките на општина Кратово, изведувале градби на локални патишта на туѓо земјиште, без одобрение за градење“, велат од полицијата.

„Силекс неметали СТ“ е меѓу обвинетите фирми во „Труст“ за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“

 

Поврзани новости