Малолетник се повредил заварувајќи куршум со леткум

by Фокус

Десетгодишен малолетник во куќата на неговиот дедо во гостиварското село Зубовце си ја повредил раката додека со леткум загревал куршум од гасен пиштол.

Притоа, според Министерството за внатрешни работи, пиштолот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака, а повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Гостивар.

Поврзани новости