Со скандирања „УЧК“ и барање за меѓународна истрага помина протестот против пресудите за „Диво насеље“

by Фокус

Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, под големо полициско обезбедување, помина протестот против пресудите за случајот “Диво насеље“.

Насобраните граѓани два часа, во мирна атмосфера, го изразија незадоволството со протестот пред плоштадот Скендербег и Основниот суд – Скопје 1.

Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и преглед на случајот, кој според нив, е и неправда на Албанците во Македонија.

Поврзани новости