662
Петнаесетгодишен малолетник од Тетово синоќа е прободен со остар предмет од друг 16-годишен малолетник од Мала Речица по претходна расправија и физичка пресметка.
Како што соопшти МВР, во билијард-клуб 16-годишен малолетник од село Мала Речица со остар предмет му нанел убодна рана на 15-годишен малолетник од Тетово.
Повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, а осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица.