Малолетник прегазил шестгодишно дете со мотор

by fokus

Вчера попладне околу 18 часот, малолетник со мотор прегазил шестгодишно дете од населба Илинден. Детето било пренесено во Клинички центар, а со телесни повреди се повредил малолетниот мотоциклист.

„На 06.06.2019 година во 18.00 часот во с.Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости