Малолетник извршил напад со нож, па неговиот татко доби кривична пријава

by Фокус

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје, од кои двајца имаат по 16, еден 15 и еден 12 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што информираа од МВР, кривична пријава ќе биде поднесена и против таткото на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи бидејќи неговиот син употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Според пријавеното, малолетниците пред два дена околу 19.30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” бил пуштен на домашно лекување.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Поврзани новости