Заев: Нема да бидеме наивни, внимателно ќе одлучуваме за Законот за јазици

by Фокус 17:10
17:10

Заедно ќе продолжиме да ги утврдиме следните чекори поврзани со самото законско решение, заради тоа што дефинитивно нема да дозволиме да бидеме наивни да отвораме повторно некои работи кои би можеле да не поделат, рече премиерот Зоран Заев, коментирајќи го ставот на вицепремиерот Бујар Османи дека менувањето на Законот за јазици, согласно препораките на Венецијанската комисија, ќе го наруши македонско-албанскиот баланс и ќе ја врати државата во периодот пред 2001 година.

-Многу убави работи се случија во последните две и пол години со коишто нашиот народ, сите етнички заедници, различни религиозни групи и секако различни културолошки наследства и сличности, успеа да се обедини во концептот на „Едно општество за сите“. Од сите тие работи, овој Закон беше едната работа која не обедини. На внимателен начин и во иднина ќе се одлучува заради тоа што обединето и заедничко општество носи поквалитетен живот за сите граѓани во државата – рече Заев.

- Advertising -

Поврзани новости