Вардар и Шкендија ремизираа, скопјани ја задржаа предноста од 8 бода

by Фокус

Големото фудбалско дерби меѓу Вардар и Шкендија, кое денеска се одигра на Градскиот стадион во Скопје, заврши со нерешен резултат 2:2, со што остана разликата од 8 бодови во корист на скопјани.

Прв поведе Вардар од белата точка откако Матеј Цветаноски беше фаулиран во казнетиот простор на гостите во 29-тата минута, а сигурен егзекутор беше Дарко Мицевски.

Шкендија дојде до израмнување само пет минути подоцна со голот на Омар Имери по едно невнимание во домашната одбрана.

Вториот дел почна со одлична шанса на гостите, но домаќините беа тие кои постигнаа гол, откако еден контранапад во 53-тата минута го однесе Али Адем сам пред Костадин Захов, кој беше совладан по втор пат.

Во 65-тата минута, пак, Бесарт Ибрами одлично се снајде во домашниот шестнаесетник и му асистираше на Имери кој со својот втор гол израмни на 2:2.

Поврзани новости